Европскиот шампион Вардар стартува со продажба на сезонски билети

Фото: Б.Грданоски
Раководството на македонскиот и европски шампион Вардар од утре ќе пушти во продажба сезонските билети.
  • Приоритетната фаза ќе се реализира до 21 август на билетарницата на Тикет плус во СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на Тикет плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk соопштија од РК Вардар.

„Црвено-црните“ ќе играат во Б-групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Киелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје

Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар и тоа: во македонскиот шампионат, во домашниот куп, во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

Во СЕХА лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.

Цените на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се 2.200 денари за трибините и 2.550 денари за А блоковите.