Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.
Предлогот може да се преземе на следниот линк:
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик
Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.
– Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба.
Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.