Европскиот комесар за трговија Марош Шефчович од понеделник во Вашингтон

Европската комисија денеска соопшти дека еврокомесарот за трговија Марош Шефчович в понеделник ќе отпатува за Вашингтон и се очекува да разговара за најавените американски царини со американски претставници.
Шефчович, кој го имаше својот прв телефонски разговор со американските колеги претходно оваа недела, треба да зборува во тинк-тенкот на Американскиот претприемнички центар в среда.
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум од 12 март и „реципрочни“ царини во април.