Европски град донесе револуционерна одлука: Парламентот гласаше за слободна продажба на кокаин


Во Базел, Цирих и Лозана веќе почнаа да се вршат експерименти со марихуана, а им се придружува и Берн.

Главниот град на Швајцарија одлучи наесен да започне програма за контролирана продажба на кокаин, откако градскиот парламент го усвои предлогот на Алтернативната левица со 43 гласа за и 18 против. Тоа е експериментална програма.

Многумина ова го толкуваат како обид на Швајцарците да бараат замена за глобалниот статус на банкарска нација по колапсот на банката „Кредит Свис“, додека други сметаат дека станува збор само за воспоставување контрола врз нарко пазарот.

Никој не мисли дека кокаинот е добар, но многу е подобро да се контролираат постоечките зависници отколку да се остават на криминал. Планот е сѐ да изгледа како веќе постоечката програма со марихуана.

На целата приказна се спротивставуваат група десничарски партии и сметаат дека за тоа сепак треба да одлучи федералната влада.

Инаку, слободната продажба на кокаин беше предложена за прв пат во Берн во 2019 година, но сепак тогаш беше одбиена.