Европската вселенска агенција ќе постави „роботска рака“ на Меѓународната вселенска станица


Европската вселенска агенција (ЕСА) се подготвува да постави тн. „роботска рака“ на Меѓународната вселенска станица (МВС). „Европската роботска рака“ (ЕРА) ќе полета на 15 јули, а пристигнувањето се очекува на 23 јули. Ова ќе се случи по 20 години одложувања предизвикани од технички проблеми.

Се работи за „одачки“ робот што ќе се движи вон и близу рускиот дел на МВС. Лансирањето ќе се изврши со руска ракета „Протон“, којашто ќе понесе и еден руски повеќенаменски лабораториски модул „Сајенс“.

„ЕРА“ е долга 11 метри, и има можност да се „закотви“ надвор од МВС и да се движи меѓу утврдени точки. Уредот ќе им помага на астронаутите за време на излегувањата во вселенскиот простор, а може да помогне и при инсталирање и замена на елементи од надворешната страна на Станицата. Раката има седум зглобови и ќе може да се справи со товар тежок неколку тони. Може и да превезува астронаути како кран.

Со роботот ќе можат да управуваат астронаути од внатре и надвор од МВС, а исто така може да се репрограмира за одредени функции. Има и инфрацрвени камери коишто можат да помогнат во проверките на надворешната страна на МВС.

Развојот на роботот во голема мерка беше финансиран од холандската Влада и од конзорциум на европски компании, вклучувајќи ги тука „Ербас одбрана“, „Спејс Недерланд“ и ЕСА.