Европската Унија донираше производи за заштита од корона вирусот за Кичево


За справување со состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, во Општина Кичево денеска пристигна донација од програмата на Европската Унија-(Preparatory Actions IPA 2020 Municipal) – производи за заштита од коронавирусот.

Донирани се заштитни маски, средства за дезинфекција и гелови за дезинфекција на раце.

Емин Насуфи од Општина Кичево изјави дека Општината искрено и благодари на Делегацијата на Европската унија-Скопје за поддршката и донацијата.