Европската комисија им забрани на вработените да користат ТикТок


Европската комисија им забрани на вработените да ја користат кинеската апликација ТикТок од безбедносни причини, „поради растечките тензии меѓу Пекинг и Западот“.

Западните влади се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании и помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат големи количини на податоци ширум светот – со посебен фокус на високи политички и безбедносни цели.

Висок функционер изјави дека на целиот персонал му е наредено да го отстранат ТикТок од нивните официјални уреди, но и од нивните лични уреди доколку на нив се инсталирани апликации поврзани со работата.

Членовите на персоналот мора да ги избришат деловните апликации од нивните приватни уреди доколку инсистираат да го задржат Тик Ток.

Другите институции на Европската унија, вклучително и Советот и Парламентот, веројатно ќе го следат примерот за забрана на кинеската апликација, иако може да потрае многу подолго за Европскиот парламент да спроведе таква политика.

Забраната најверојатно ќе биде јавно објавена на редовниот пладневен брифинг на Комисијата.

Соединетите Американски Држави веќе го забранија ТикТок на многу владини уреди, додека Холандија размислува за забрана.