Европската централна банка ги намали стапките на депозитите за 25 базични поени на 2,75 отсто


Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што депозитната стапка сега е 2,75 отсто, каматната стапка на главните операции за рефинансирање е 2,90 отсто, а каматна стапка на маргиналната кредитна линија 3,15 отсто.

Тие промени, што се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила на 5 февруари.

Добиените информации покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на вистинскиот пат“, се вели во соопштението.