Европратениците бараат Вагнер групата да се прогласи за терористичка


 Меѓупартиските европратеници бараат ЕУ да ја означи групата Вагнер како терористичка организација. Приватната платеничка милиција, предводена од блискиот сојузник на Путин, Евгениј Пригожин, е вклучена во конфликти од Украина до Сирија, Судан, Мозамбик и Централноафриканската република, меѓу другите.

 Европратениците (кои го претставуваат целиот спектар на парламентарните групи, од екстремнодесничарските до левичарските, испратија писмо на 11 ноември до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала, чија земја претседава со Советот. Наведувајќи ги „тековните прекршувања на меѓународното право во Украина“ од страна на групата Вагнер и „нивните претходни подвизи во други конфликти“, европратениците велат дека групата треба да биде прогласена за терористичка организација.