Европол: Уапсени 13 членови на криминална мрежа за шверц на мигранти


Француско-белгиската полиција, поддржана од Европол, оваа недела откри голема криминална мрежа вмешана во шверцување мигранти, трговија со луѓе, вклучувајќи малолетни лица, присилно питачење, измама за социјална помош и фалсификување документи.

Се проценува дека оваа организирана криминална мрежа, која била активна веќе неколку години, заработила околу пет милиони евра, објави Европол.

За време на координираната акција, белгиски локални полиции и француската национална полиција извршиле рации на седум локации и заплениле фалсификувани документи, вклучувајќи лични карти, пасоши и фалсификувани изводи за венчани, за родени и брак, мобилни уреди, златен накит и докази за трансфер на пари.

Француските власти ги уапсиле 13-те лица во регионите на Париз и Лион, вклучувајќи ги и организаторите на мрежата.