Европа се соочува со најтешка епидемија од птичји грип


 

Европа се соочува со, досега, најтешка епидемија од птичји грип, покажуваат податоците од истражувањата на институтот на германската влада.

„Во моментот се соочуваме со најсилна епидемија на птичји грип досега во Германија и во Евроа“, објави институтот „Фридрих Лофлер“, гермаснки сојузен истражувачки институт за здравјето на живтоните.

Секојдневно нови случаи

Нови случаи се откриваат секојдневно и не се зафатени само дивите птици, велатод институтот.

„нема крај на видикот – погодени се земји од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“, велат од таму.

Случаи се пронајдени и во канада, Индија и Источна Азија.

Само во германија, откриени се 394 случаи кај дивите птици, меѓу кои патки, лебеди и галеби, од почетокто на октомври до 29 декември. Случаите првенствено се откриени покрај брегот.

Институтот забележал и 46 случаи на германските фарми за птици.

Во истата временска рамка во Евроа, забележани се 675 зарази кај диви птици и 534 меѓу стоката.

Дополнителни случаи се забележани кај цицачите оваа година, на пример меѓу црвените лисици во Холандија и во Финска, сивите морски лавови во Шведска, морските лавови во Германија и видрите во Финска.