Европа, на почетокот, ќе добие многу помалку вакцини од Оксфорд од очекуваното


Со оглед на тоа што европските регулатори се уште не ја одобриле употребата на вакцината која ја произведе британско-шведската компанија АстраЗенека/Оксфорд, од оваа фармацевтска куќа известија дека на почетокот Европјаните ќе добијат многу помалку дози од вакцината.

Според податоците на Куриер, Австрија во првото тромесечие во 2021 година ќе добие само 600.000 дози од вакцината АстраЗенека, место планираните повеќе од два милиони.

Здравствените власти на Австрија денеска се известени за оваа голема промена, по видео-конференцијата со претсетавниците на АстраЗенека, пишува австрискиот весник.

АстраЗенека во меѓувреме ги испорачува своите вакцини во други земји надвор од ЕУ, што ќе влијае на помалку испорака во ЕУ, во мометот кога европските регулатрои ќе ја одобрат оваа вакцина. Ваквата состојба многу ќе ги наруши програмите за масовно вакцинирање на населението во европските земји.

На пример, планот на Австрија е до крајот на амт да ги вакцинира сите жители постари од 65 години. Австрија нарача 937.950 дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, 200.000 дози од Медерна и дури 2,16 милиони вакцини кои ги произведе АстраЗенека.

Доколку добие само 600.000 дози од АстраЗенека, вакцинацијата на постарата популација нема да биде успешно спроведена во Австрија до крајот на март 2021 година.