Европа и Америка очекуваа зголемување на наталитетот поради заклучувањето – се случи спротивното


Кога Франција минатата пролет воведе еден од најстрогите карантини односно сет мерки за социјална дистанца во првиот бран од пандемијата, нашироко се шпекулираше дека ќе уследи бејби бум – голем пораст на наталитетот.

„Мислев: Сите се заглевени дома и мораат да се преокупираат со нешто. Па ќе прават бебе“, изјави Мартине Мабуака Мисури од јавната болница во градот Сент-Дени во околината на Париз. Сент-Дени има една од највисоките стапки на наталитет во Франција. Но девет месеци подоцна наместо бум, Франција бележи остар пад на бројот на новородени. Економската несигурност, општествениот стрес и мачнина предизвика од пандемијата со коронавирусот, одвратија голем број двојки да станат родители.

Само во болницата во Сент-Дени од средината на декември до средината на јануари намален е за околу 20 отсто бројот на породувања (од 348 на 285), а се предвидува дека ќе остане под нивота во првата половина во 2021 година во споредба со 2020 година. Додека ковид одделенијата беа полни, родилиштата остана полупразни.

„За време на мојата кариера никогаш не сум видела пад од 10 до 25 проценти“.

„Обично овде е гужва„, рече Мисури во родилиштето, каде само едно од деветте родилишта беше пополнето. Сент-Дени не е единствен кој бележи ваков пад – во петте големи универзитетски болници во регионот Пеј де ла Лоара, североисточна Франција, каде главен град е Нант, бројот на породувања се намали од 10 до 25 проценти во јануари во споредба со истиот месец од минатата година.

Сент-Дени всушност е и еден од најсиромнашните градови во Франција, а има и една од највисоките стапки на смртност од Ковид-19.

„Гледаме пад и во североисточниот дел на Франција. За време на мојата кариера, никогаш не сум видел пад од 10 до 25 проценти“, рече Оливие Морел, раководител на Одделот за гинекологија и акушерство на Универзитетската болница во Нанси.

И на југот на земјата, во Лион – третиот по големина град во Франција – две болници забележаа комбиниран пад од 19 отсто во јануари, што тие исто така го припишуваат на пандемијата.

Италија, која беше прва земја во Европа погодена од коронавирусот и прва воведе локдаун, исто така доживеа сериозен пад на наталитетот. Бројот на новороденчиња падна за дури 21 проценти во декември во 15 италијански градови, се вели во извештајот објавен овој месец од Италијанскиот институт за статистика.

Како е во светот

И дека падот на стапката на наталитет е во корелација со сериозноста на епидемијата и сериозноста на епидемиолошките мерки односно заклучувањето, сугерира фактот дека таквиот пад на бројот на новороденчиња не е забележан во Берлин. Германската метропола, во исто време, имаше полесна блокада и поблага епидемиолошка состојба минатата година.

Од друга страна на океанот, САД исто така очекуваат пад од дури 300.000 новороденчиња во 2021 година во споредба со 2019 година, според проценките на институцијата Брукингс. При правењето на таа проценка, тие ги зедоа предвид околностите како што се затворањето на градинките и училиштата и работата од дома врз родителите и врз тие кои сакале да станат родители.

Американскиот портал НБЦЛХ доби податоци и за падот на наталитетот од 5 на 8 отсто во големите сојузни држави Калифорнија, Флорида и Охајо. Институтот Гутмахер, од друга страна, во своето истражување откри дека дури 34 проценти од американските жени ги одложоле плановите за проширување на нивните семејства поради пандемија. Сличен заклучок донесоа италијанските научници Франческа Лупи, Бруно Арпино и Алесандро Росина во својот труд под наслов „Ефектот на Ковид-19 врз планирањето на плодноста во Италија, Германија, Франција, Шпанија и Велика Британија“.

Се разбира, демографската состојба во Европа пред пандемијата не беше голема – практично ниту една европска земја нема доволна стапка на наталитетот за одржување на населението на исто ниво (2,1 дете по жена), а некои се далеку пониски од тоа – во Хрватска таа стапка е околу 1,4. Негативниот ефект од пандемиската и коронската криза ќе значи уште побрз пад на населението, па дури и одумирање во некои европски земји, додека поразвиените ќе имаат уште поголем притисок за дополнителна имиграција за да се компензира природниот пад на населението.

Дури и Кина, која прв го потисна првиот бран на епидемијата и целосно го спречи вториот бран што го зафати остатокот од светот, имаше околу 15 отсто  помалку новороденчиња во 2020 година во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Министерството за јавна безбедност, објавени претходно. Според првичните податоци, стапката на наталитет се намалила од девет на 32 проценти во втората половина на 2020 година во некои кинески градови, вклучително и Гуангжу и Венжу.

Демографите не се изненадени од падот на наталитетот за време на пандемнијата.

„Стапката на наталитет историски е чувствителна на циклични настани како што се војни, економски кризи, епидемии, па дури и хаотични климатски услови. Сите овие настани резултираат со пад, а не со пораст на бројот на новороденчиња“, изјави директорот на Францускиот национален институт за демографски студии Арно Региер-Лоалиер. Финансиската криза во Грција пред десет години имаше сличен ефект, додаде тој.

Истражувачите веруваат дека неколку фактори се поврзани со тековниот пад на наталитетот. Првиот е економската неизвесност – луѓето кои минатата година се откажаа од плановите за проширување на своите семејства, тоа можеби го сторија затоа што останаа без работа или стравуваа дека тоа ќе им се случи поради кризата со короната, со рекорден пад на БДП на некои места.

Ограничувањата поврзани со заклучувањето исто така може влијаат врз оваа одлука – на пример, семејствата кои веќе имаат деца на училишна возраст кои останале дома поради затворање на училиштата, можеби чувствувале преголем притисок за да се осмелат да имаат уште едно дете. И потребата за изолација од постарите лица и хронично болните исто така значеше дека многу млади родители не може да сметаат на така наречената баба-сервис како во нормална состојба.

„Економските последици, континуираната здравствена грижа, неизвесноста во врска со пристапот до здравствената заштита и затворањето на училиштата, сите заедно го направија ова време многу непривлечно за основање или проширување на семејство. Дефинитивно очекуваме пресврт (по пандемијата), но не сигурни дека ќе има бум за да се компензира падот“, изјави професор по социологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија за Хафингтон пост.

Сепак, некои земји навистина бележат зголемување  на наталитетот, но токму оние кои не го сакаат тоа, бидејќи тие веќе имаат проблеми со превисока стапка на наталитет, што го отежнува подигнувањето на животниот стандард и намалувањето на сиромаштијата. На пример, на Филипините, Институтот за население на Универзитетот во Филипини и Фондот за население на Обединетите нации проценуваат зголемување на несаканата бременост на повеќе од 40 проценти во 2020 година и највисока стапка на наталитет од 2012 година. Филипинската Влада прогласи национална вонредна состојба во 2019 година. (Вашингтон пост)