Евролигашки брејкови на Басконија и Жалгирис против ЦСКА и Фенербахче


Басконија и Жалгирис успеаја да ги добијат вторите натпревари од четвртфиналните серии од кошаркарската Евролига против ЦСКА и Фенербахче.

Екипата на Басконија вечерва направи големо изненадување совладувајќи ја ЦСКА во Москва со 78:68. Гостите од Шпанија го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го изедначија резултатот на 1-1 во победи во четвртфиналната пресметка од Евролигата.

Жалгирис Каунас успеа да оствари важна победа во Истанбул и да направи „брејк“ против Фенербахче (82-80). Литванскиот состав се прикажа во многу поразлично светло во однос на претходниот натпревар, па со постојано водство против фаворизираниот тим на Жељко Обрадовиќ, на крајот дојде и до победата.

Следните натпревари во овие две серии се играат на 23, односно 24 април.

За утревечер се закажани вторите мечеви во сериите Анадолу Ефес – Барселона (1:0) и Реал Мадрид – Панатинаикос (1:0).