Еврокомесарот за правда изненаден и загрижен од измените на Кривичниот законик


Фото: Б. Грданоски

 

Изненаденост и загриженост искажа еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје, околу измените на Кривичниот законик со кои застареа повеќе судски случаи во Македонија, затоа што Брисел не бил консултиран за нив, а беа изгласани со европско знаменце. Најавувајќи дека крајната оценка сепак ќе ја дадат во извештајот што на осми ноември ќе биде презентиран во ЕУ, тој се задржа на клучните забелешки. 

„Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таквите реформи. Секогаш е важно да се разменат мислења со ЕК за донесувањето на тие измени  и за нивното влијание на некои тековни случаи на корупција, како и за намалувањето на казните, особено што застарувањето на предметите значи неосудување. Секако ние сакаме да добиеме одговор за тоа и дали ќе продолжат кривичните гонења. Тоа секако ќе го разговараме на билатерално ниво. Но, веќе изразивме мислење и сме загрижени за кривичното гонење. Во однос на содржината на измените, сакаме да се осигура дека нема да изостанат кривични гонења за случаи од висок профил – она што веќе го видовме во изминатите месеци“, рече еврокомесарот за правда. 

Тој повика да ја почекаме крајната и целосна оценка на Европската комисија нагласувајќи дека не сака предвреме да ја каже и од овде, додавајќи дека во процесот на преговори ќе изготват оценки за сите земји кандидати, вклучувајќи ја и Македонија. 

 

Прашан каква е оценката во Брисел за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и сѐ уште не се завршени, Рејндерс рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.

„Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени“, изјави Рејндерс.

 

Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.

„Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан“, изјави Рејндерс.

Генерално, тој порача дека владеењето на правото е заеднички приоритет на земјите членки и на земјите кандидати за влез во ЕУ и дека е двигател на процесот на проширување и услов за напредок во него, па ги охрабри сите во регионот да се заложат за поопипливи резултати и да отидат чекор подалеку во гонењето на корупцијата од висок профил и организираниот криминал. На  заедничката прес – конеференцијасо министрите за правда на Шпанија и на Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога тој потенцираше дека зајакнување на владењето на правото е комплексно прашање и бара постојани напори, а ЕК има намера да ги отовори преговорте со земјите патрнети кои побрзо ќе ги завршат реформите и ќе обезбедат транспарентен и ефикасен правосуден систем. Тоа е, рече, изводливо ако постои доверба на граѓаните и реформи за отчетност во правосудството.

„Нашите партнери  од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Србија сите покажаа дека се подготвени да ги реализираат тие реформи во правосудството, Важно е да се продолжи со процесот на реформи, целосно во согласност со ЕУ стандардите а за тоа е потребно да се следат препораките на Венецијанската комисија, ОБСЕ и на ЕК,  да се реализраат реформите во сите кривични судсови, да се осигури кривично гонење на предметите од висок профил на организиран криминал и корупција. Ги охрабрувам сите партнери од Западен Балкан да се заложат за опиплив напредок во оваа област за независно следење на тие предмети и имплементација на препораките на ОБСЕ“, рече еврокомесарот Рејндерс нагласувајќи дека имаат финансиска поддршка од ЕУ за оваа цел. 

Во однос на напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина се осврна на ефективното спроведување на рестриктивните мерки на ЕУ, замрзнување на имот и јакнење на коориднативните активности на земјите членки во однос на пакетот ЕУ санкции од октомври. Тој при тоа информира дека околу 1400 лица се наоѓаат на листата на санкции, над 20 милијарди се замрзнати и над 200 милијарди евра се мобилизирани само во ЕУ.   

Шпанската министерка Куенка истакна дека една правна држава треба да има конкинуитет, и кога правдата функционира дава гаранции на слободата. Довербата во правдата е, додаде таа, она што дозволува на земјите да растат а тоа беше и една од главните точки на дискусијата на денешната сесија на Министеркиот форум да се зајакне довербата на граѓаните во правниот систем.

„За да биде веродостојна правдата треба да биде агилна и да понуди решенија на граѓаните, но иста така треба да биде независна и способна ефикасно да ги следи случаите на корупција. За тоа се потребнио ресурси – човечки финансиски и технолошки кои ќе дозволат да се работи на ефикасен начин…Борбата против корупцијата и организираниот кирминал мора да биде главниот столб на правдата за обезбедување на правилно функционирање на демократијата. Добри, јаки и способни правни системи и нашата посветеност на нив за соочување со предизвиците ќе не води до 2030 година“, порача Куенка. (С.Ј.)

Фото: Б. Грданоски