Евробаскет 2025: В.Британија ја совлада Црна Гора, а Шведска се пласира во осминафиналето

Тампере– Кошаркарите на Шведска изборија осминафинале на Европското првенство, пред се благодарение на победата на Велика Британија. Првиот натпревар од 5.коло од Б групата во финскиот град Тампере донесе победа од 89:83 за Велика Британија над Црна Гора, па така двете селекции останаа без пласман во следната фаза. Победа на Британците најмногу и одговараше на Шведска која својот натпревар од оваа рунда го игра попладнево со Литванија. Но, независно од резултатот шведските кошаркари ќе бидат пласирани на четвртото место во групата бидејќи со пораз ќе имаат иденитен скор од 1-4 (победи – порази) со Велика Британија и Црна Гора, а со победа скоро од 2-3 недоволно за повисок пласман. Сепак победата над Велика Британија од 78:59 (трето коло) и најдобриот кош количник им го донесе четвртото место во групата.
Со победата над Естонија во Рига португалските кошаркари обезбедија четврто место во групата и осминафинале.
Во групата Б за првата позиција ќе играат Финска и Германија.
Во рамки на А групата на Евробаскетот денеска играат: Естонија – Портругалија 65:68, Чешка – Летонија и Србија – Турција.
Табела А група: Турција 4-0, Србија 4-0, Летонија 2-2, Португалија 2-3, Естонија 1-4, Чешка 0-4.
Табела Б група: Германија 4-0, Литванија 3-1, Финска 3-1, Шведска 1-3, Црна Гора 1-4, Велика Британија 1-4.