Евробаскет 2025: Грција последен четвртфиналист

Рига– Репрезентацијата на Грција е последната која избори четвртфинале на Евробаскетот откако синоќа во осминафиналето го совлада Израел со 84:79 (28:22; 22:19; 17:18 и 17:20).
Грција предводена од Јанис Адетокумбо одигра ефикасни две први четвртини со постигнати 50 поени. Но, Израел не се предаде и со серија 10-2 намали на три негатива (54:51). Неизвесна беше и последната четвртина, но Грција не дозволи противникот да изедначи. Јанис Адетокумбо со 37 поени беше најефикасен на дуелот.
Резултатите осминафинални дуели: Грција – Израел 84:79, Словенија – Италија 84:77, Турција – Шведска 85:79, Полска – БиХ 80:72, Литванија – Летонија 88:79, Германија – Португалија 85:58, Финска – Србија 92:86 и Грузија – Франција 80:70.
Четвртфинални двојки: Турција – Полска и Литванија – Грција ќе играат во вторник, а Германија – Словенија и Финска – Грузија ќе играат во среда.