Евробарометар: Србите повеќе веруваат на своите институции отколку на европските


Србите повеќе им веруваат на институциите на својата држава отколку на Европската унија, покажа најновото истражување на „Евробарометар“.

Според податоците добиени од ова истражување, Србија е единствена земја во регионот во која владее доминантна недоверба кон ЕУ и единствена земја во која граѓаните повеќе и веруваат на својата влада отколку на европските институции. На српската Влада и веруваат 41 отсто од испитаниците, додека довербата во ЕУ изнесува само 33 проценти.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено во јуни во Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија. Во регионот бројките покажуваат дека 57 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат на ЕУ наспроти 33 отсто – кои веруваат во националната влада, во Албанија 69 отсто имаат доверба во европските институции а само 40 проценти во националните, додека во Црна Гора тој сооднос изнесува 47 отсто наспроти 43 отсто.