Евидентен пад на новозаразени во Хрватска, денеска само 25


 

Во Хрватска во последните 24 часа евдентирани се само 25 новозаболени, што е драстичен пад во однос на претходните денови, кога бројката стигна и на д 100.

Сепак, починаа две жени, кои имале претходни заболувања, а ни една од нив не била на респиратор. Со тоа бројот на починати во Хрватска се искачи на 122.

Во моментот во оваа земја има 1.150 активни случаи, а 147 се во болница, додека девет се на респиратор.

Како што беше најавено во некои делови од Хрватска одредени се рестриктивни мерки, според кои свадбените свечености може да се организираат во кругот на семејството, а таа мерка на сила е до 4 август.