Еве со кои 11 фудбалери Милевски ќе го почне дуелот со Казахстан


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги одреди стартните 11 за вечерашниот дуел со Казахстан во Скопје. На вечерашниот натпревар поради повреда ќе отсуствува Висар Муслиу.

Дуелот со Казахстан на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го почнат: Димитриевски – Стојчевски, Велковски, Зајков, Алиоски – Илиевски, Алими – Миовски, Барди (капитен), Елмас – Ристовски.

На клупата за резерви се наоѓаат: Илиев, Шишковски (голмани), Ашковски, Серафимов, Трајковски, Чурлинов, Деспотовски, Растодер, Бабунски, Костадинов, Атанасов и Станковски.