Еве од кого детето ја наследува интелегенцијата


Интелегенцијата или интелектот е ментална особина која се состои од неколку способности: учење од искуство, прилагодување на нови ситуации, согледување и разбирање нови ситуации и користење на стекнатото знаење во интеракција со околината.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон тврдат дека децата ја наследуваат интелигенцијата од нивните мајки.

Имено, според нивната студија, жените почесто пренесуваат гени кои ја обликуваат интелигенцијата на децата и се пренесуваат преку Х-хромозомите. Жените имаат две, а мажите имаат едно.

Исто така, новото истражување спроведено од истражувачи од Шкотска го поддржува фактот дека гените важни за напредните когнитивни функции се наследени од таткото. Но, тие гени се или деактивирани или остануваат потиснати. Тие изјавија дека ако детето наследи „ум“ од таткото, тој останува „инактивиран“.

Истражувачите од Глазгов интервјуирале 12.686 луѓе на возраст од 14 до 22 години секоја година од 1994 година, земајќи ги предвид различните фактори како што се расата, образованието и социо-економскиот статус.