Еве колку долго можете да ги чувате свежите јајца во фрижидер


Јајцата најчесто се користат во храната, па затоа е случај многу брзо да ви требаат нови залихи. Сепак, мора да се грижите за нивниот квалитет и рок на траење бидејќи труењето со јајца е честа појава.

Според магазинот „Freshland“, свежите јајца можат да се чуваат во фрижидер до 30 дена, а може да останат свежи и подолго ако се чуваат правилно.

Сепак, мора да земете во предвид и дека ова време го вклучува и времето поминато во продавница или маркет. Не заборавајте да го проверите датумот на пакување.

Варените јајца можете да ги чувате во фрижидер до 7 дена. Користете ги надвор од фрижидер најдоцна во рок од 12 часа.

Ако се сомневате во квалитетот на јајцата, истурете ги во посебен сад пред да го подготвите садот. Ако ви изгледаат или мирисаат поинаку, подобро е да ги фрлите.

За да проверите дали јајцата се свежи, ставете ги во вода. Најсвежото ќе потоне на дното. Ако јајцето исплива или падне вертикално во водата, тоа значи дека не е свежо.