Еве кога се игра финалето помеѓу Аргентина и Франција


Аргентина и Франција во недела ќе играат во финалето на Светското првенство. Натпреварот ќе се игра во несекојдневен термин, од 16:00 часот по средноевропско време, односно од 14:00 часот по Катарско време. Термин кој дефинитивно не го очекуваа многумина, особено ако се земат предвид високите температури во Доха и интензивните горештини. Ништо од вечерниот термин…

Така, веднаш по ручекот, навивачите ќе имаат можност да го проследат мечот за трофејот. Од една страна Лионел Меси, од друга Килијан Мбапе. „Гаучосите“ со трофејот ќе се обидат да ја испратат легендата во заслужена меѓународна пензија, додека „триколорите“ ќе дадат се за да го одбранат трофејот освоен пред четири години во Русија.

Аргентинците до финалето стигнаа со победата против Хрватска (3:0), додека Французите беа подобри од Мароко (2:0), ден претходно Хрватите во истиот временски рок ќе играат со Мароканците. Победникот на „Божицата“ ќе го добиеме во недела навечер, а за кого ќе навивате. За Аргентина или за Франција?