„Еве ја таа проста земја…“ за почеток на протестот на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Премногу е!“
Вечерва под мотото „Премногу е“, ВМРО- ДПМНЕ пред зградата на Владата одржува голем протест за промени.
Голем број граѓани од државата со автобуси пристигнаа на денешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На булеварот „Илинден“ се собраа десетици илјади граѓани од целата држава, членови и симпатизери на најголемата опозициска партија како и на нивните коалициони партнери, во очекување на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Централната порака која ќе биде испратена од вечерашниот голем народен собир е барањето за организирање предвремени парламентарни избори, кои според нив се единствено решение за економската и политичка криза во која се наоаѓа држава, предводена од владата на СДСМ и ДУИ.
Испеана беше химната на Македонија, хор пее македонски патриотски песни, а се рецитира и стихотворбата „Македонија“ на Анте Поповски.
Пред почетокот на протестот се одржа Отворено студио пред Владата, каде стана збор за надворешната, внатрешната политика, образованието и економијата.