Еве го бебето кое реши да се роди под урнатините од земјотресот, мајката почина


Спасувачите во градот Африна на северот на Сирија под урнатините спасија новороденче. Бебето е родено додена мајката ја спасувале од урнатините по разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Видеото од спасувањето на бебето стана вирално на социјалните мрежи. На снимката се гледа како спасувач го носи новороденчето и ита кон помош. Видеозаписот го сподели сирискиот новинар Хошанг Хасан.

„Бебето е родено додека негоавта мајка ја спасувале од урнатините кои настанале како последица на потресот кој се случи денеска“, објави Хасан на Твитер.

Бебето преживеа, а по сѐ судејќи, остатокот на неговото семејство настрада во земјотресот.

Детето со папочна врвца уште било поврзано со мајката, кога спасувачите стигнале до нив, под унранитите на четирикатницата каде живееле.