„Евангелие по Ф.М. Достоевски“ од Српско народно позориште на 48. МОТ
Српско народно позориште од Нови Сад е денеска (17 ноември) на Млад отворен театар (МОТ) во Скопје со претставата „Евангелие по Ф. М. Достоевски“. Претставата ќе се изведе од 20 часот во салата „25 мај“. Режисер е Јернеј Лоренци.
„Достоевски целиот свој живот се обидувал да навлезе во суштината на тоа кои сме навистина, признавале ние или не. Филозофскиот фокус на ‘Евангелие по Ф. М. Достоевски’ е сконцентриран на две прашања: дали Бог постои и ако постои, зошто создал таков пекол на Земјата каде што живееме во толку многу болка и страдање, а ако не постои, каква надеж имаме да излеземе од оваа беда и суровост. Лоренци првенствено ги поставува овие прашања со прикажување приказни за детските страдања. Да го преформулираме прашањето од почетокот на параграфот: ако децата како најневини човечки суштества толку многу страдаат на Земјата, дали е тоа доказ дека Бог не постои или дека е крајно суров“, се вели во најавата на претставата.