Евакуирани жителите од околината на Мадрид поради пожар


Шпанските пожарникари и припадници на армијата се обидуваат да ги изгаснат шумскиот пожар што синоќа изби во регионот Робледо де Чавела, на 40 километри од Мадрид.

Поради пожарот  на жителите им е наредено да се евакуираат.

Директорот на мадридската служба за вонредни операции Карлос Новиљо изјави дека е утврден обемот на огнот и оти со канадери ќе се обидат да го изгаснат пожарот.

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот, а на терен се 16 противпожарни екипи и три канадери.