Евакуирани стотина училишта во Русија по закана со бомби


 

Бројни училишта во Русија денеска примија закани за бомби, а само во сибирскиот град Краснхѕ6ојарск евакуирани се стотина, објави московското радио Ехо.

По заканите кои стигнале по електронска пошта, наставата е прекината и во други градови, како Самара и Ставропол.

Низ земјата евакуирани се стотици училишта, пренесе радиото. Според извештајот, во птебарувањата, не е најдено ништо сомнително. Властите поради слични ситуации изминатите години распоредија повеќе полицајци.

Покрај училишта, на вакви закани се изложени и судови и трговски центри

Властите за сега не го знаат мотивот на најновиот случај.