Евакуирани четири амбасади во Мадрид поради закана за поставена бомба


Амбасадите лоцирани во облакодер во Мадрид евакуирани се поради закана за поставена бомба.

Според шпанската полиција Амбасадата на Австралија добила телефонски повик со кој била известена дека во зградата е поставена бомба.

И Амбасадата на Велика Британија, како и на Холандија  и на Канада се лоцирани во висококатницата.

Сeпак, шпанските медиуми јавуваат дека се работи за лажна дојава, а безбедносните служби во 14 часот им дозволиле на околу 2.000 вработени, кои работата во канцеларии во облакодерот, да се вратат на работа.