Евакуиран англиски град поради напукната брана

Жителите на градот Вејли Бриџ се евакуирани поради „сериозна закана по нивните животи“ поради оштетена брана од обилните дождови.

Хеликоптер на британското кралско воено воздухопловство фрла вреќи со песок за да го зајакне ѕидот на резервоарот Тодбрук од 19 век, а се користат и пумпи за намалување на нивото на водата во браната.

Британската полиција нареди евакуација на градот Вејли Бриџ, кој се наоѓа на 280 километри од Лондон поради стравување дека оштетената брана може да се урне.

Градот Вејли Бриџ брои околу 6.500 жители и се наоѓа во северозападна Англија.