Евакуација на 800 илјади жители од јапонскиот остров Кјушу поради лизгање земјиште


Јапонските власти наредија итна евакуација на речиси 800 илјади жители на јужниот остров Кјушу поради ризик од лизгање земјиште и други опасни последици од поројните дождови.

Во некои делови од островот од петокот досега наврнале до 1000 мм дожд, а метеоролозите очекуваат до утре уште најмалку 350 мм дожд.

Поради лизгање на земјиште во градот Кагошима загина една жена. Наредба за евакуација добиле и жителите на градовите Амакуса и Ајра.

Владата формира кризен штаб во чија работа учествува и премиерот Шинѕо Абе.

Поројните дождови во југозападна Јапонија се очекува да продолжат до крајот на неделава.