Евакуација и вонредна состојба во делови од Франција поради поплави


Илјадници француски жители беа евакуирани од своите домови како последица на поплавите кои ги зафатија северните и источните делови на земјата.

Рекордните врнежи предизвикаа излевање на реките од коритата, а владата прогласи вонредна состојба во стотици градови и села.

Фондот за итни случаи изнесува 50 милиони евра, а тие пари ќе ги користат локалните власти кои се соочуваат со криза.

Уште 80 милиони евра се искористени за помош на земјоделците во најтешко погодените области, објави во средата министерот за земјоделство Марк Фесно.

Поплавите најмногу го погодија северниот дел на Франција. Претседателот Емануел Макро во вторникот ја посети областа Кале и вети државна помош за компаниите, работниците и семејствата, велејќи дека мерките на претпазливост што се воведени минатата година спасиле животи.