Еурофарм Работник забележа нов тесен пораз, овојпат на гостувањето во Финска


Ракометарите на Еурофарм Работник како да се претплатени на неизвесни завршници и тесни порази сезонава во Лигата на шампионите.

Битолскиот клуб забележа нов пораз, овојпат на гостувањето во Финска, кај тамошниот шампион Кокс со 23:21.

„Фармацевтите“, како повеќе пати сезонава, го диктираа темпото и имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, но во финишот, кога беше најпотребно, концентрацијата опадна кај македонскиот вицешампион и на крајот загуби тесно од Кокс.

Јотиќ беше најефикасен кај Работник со пет погодоци, додека Остроушко постигна четири.

По девет одиграни кола во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник е на последното место во групата со две победи и седум праз од девет натпревари.