Еурофарм Пелистер победник на ракометниот турнир во Струга


Екипата на Еурофарм Пелистер го освои трофејот на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Битолчани вечерва во финалето славеа победа над „црвено-црните“ со 26:23 (13:13 на полувреме).

Покрај финалето, во текот на денот се одиграа и натпреварите за пласман:

за 3. место Охрид – Металург 25:31

за 5. место Прилеп – Бутел 23:25

за 7. место Струга – Еурофарм Пелистер 2 21:23.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Градимир Чаневски од Еурофарм Пелистер, Тимур Дибиров од Вардар е најдобар стрелец, додека најдобар играч е Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер.