Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата


Екипата на Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата откако попладнево го совлада тимот на Бутел со 34:21 во првиот дуел од 5.коло. Битолчани клучната предност во денешниот натпревар ја направија кон средина на првиот дел кога по 8:7 направија серија од 4-0, која домашниот тим сепак ја намали на полувреме – 14:12.

Во вториот дел одбраната на тимот на Лино Червар функционираше одлично и прими само девет гола. На почетокот на второто полувреме битолчани имаа серија од 3-0, а во последните десет минути 8-1 за конечни 34:21.

Најефикасен беше Филип Кузмановски со 8 голови, а на денешниот натпревар настапи и ново засилување Французинот Саду Нтанзи, кој постигна три гола.

На другите дуели од оваа рунда играат: Прилеп – Струга, Вардар – Охрид, Алкалоид – Тиквеш, Мулти Есенс – Младост и Еурофарм Пелистер 2. Сите натпревари се играат утре (сабота). 

Еурофарм Пелистер со натпревар повеќе има 9 бодови, пред Вардар и Алкалоид кои имаат по 8.