ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија


Медиумите на германски јазик предвидуваат неизвесен исход на денешниот состанок на шефовите на дипломатии на земјите-членки на ЕУ во однос на датумот за преговори за С. Македонија и Албанија, пишува Дојче Веле.
 
„Зелено светло за Северна Македонија, црвено за Албанија?“- под овој наслов порталот Еурактив на германски јазик објавува широка анализа во пресрет на денешната одлука на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Порталот проценува дека денеска секако нема да биде донесена конечна одлука за отворање на преговорите со двете земји, затоа што се чека гласањето на Бундестагот во Германија. Но, европски дипломати велат дека постои консензус „да се даде зелено светло за Северна Македонија, додека Албанија се бори за согласност од 28-те земји“.
„Еден дипломат вели дека особено Италија инсистира на тоа двете земји да ги почнат заедно преговорите со ЕУ.
Но одвојувањето на двете земји се чини се поверојатно, затоа што евроскептиците- во прв ред Германија и Холандија- се чинат подготвени да одобрат почеток на преговорите со С. Македонија“, пишува Еурактив.
Целиот текст ТУКА