ЕУ ТАКСО 3: За да ја добијат довербата на граѓаните, граѓанските организации треба да бидат автентични
Во Белград се одржа Регионален форум за концептот на отпорност на заедницата во организација на проектот ЕУ ТАКСО 3
За да ја добијат довербата на граѓаните, граѓанските организации треба да бидат автентични, да излезат од нивната комфорна зона и да набљудуваат, да анализираат и да се потрудат да најдат нови начини на активирање. Пoтребно е да ги преиспитаат нивните оперативни стратегии и со тоа да развијат кредибилитет во нивната локална заедница, да се поврзат со останатите, да покажат солидарност и да учат едни од други. Ова се клучните пораки на Регионалниот форум за отпорност на заедницата што го организираше проектот ЕУ ТАКСО 3 во хибридна форма во Белград, Србија.
На форумот учествуваа повеќе од 100 претставници од млади и зрели граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција, од кои 26 во улога на учесници со придонес за најдобра практика и 12 панелисти. Настанот се состоеше од три главни сесии, шест паралелни сесии и две активности на форумски сесии, секоја фокусирана на посебно прашање.
Форумот беше организиран за да ја олесни размената, учењето и дискусијата меѓу организациите со цел да можат колективно да размислуваат за начинот на активизам, и како да бидат отпорни, особено во специфички околности. За време на овие предизвикувачки времиња на глобална пандемија, граѓанските организации беа во првите редови, први на терен во време на криза, истрајувајќи, развивајќи отпор, минимизирајќи ги негативните ефекти, и промовирајќи надеж и нови начини на ангажирање. Настанот, исто така, послужи за враќање на ентузијазмот и стратешката ориентација во возобновување на довербата и зајакнувањето на односите со клучните конституенти. Форумот обезбеди платформа за дискусија и планирање на активности за сите засегнати страни во граѓанското општество.
Во воведните сесии, претставниците на ЕУ ТАКСО 3, ГД НЕАР и Делегацијата на ЕУ во Србија, како и претставниците на локалните граѓански организации и оние од ЕУ, ја истакнаа важноста за поврзување со конституентите, како средство за отпорност во турбулентни времиња. Беше истакнато како ЕУ финансиски ги поддржува малите граѓански организации преку процесот на регрантирање, познат и како Финансиска поддршка на трети страни (скратено FSTP).
Учесниците разменија мислења за концептот на отпорност врз основа на глобалната рамка за отпорност. Отпорноста се дефинира како способност да се предвидат шоковите и влијанијата од заканите кои доаѓаат од промените и стеснувањата на граѓанскиот простор оти е важно не само да се преживее, туку и да напредува во неизвесна средина. Се реализираа и работилници на кои се дискутираа 7те елементи на отпорност: способност за адаптација, етика на отпорност, свесност за ситуацијата, деловна околина, поврзаност, способност за искажување, легитимност.
Тања Хафнер Адеми, тим лидер на проектот ЕУ ТАКСО 3, истакна дека овој форум обезбедува платформа за размена и учење, како и создавање можности за споделување на знаење за тоа како граѓанските организации можат да одговорат на овие предизвици.