ЕУ со помош од 17 милијарди евра за бегалците од Украина


ЕУ донесе одлука да пренасочи дека од своите кохезивни фондови за помош на бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Законските измени се усвоени денеска во Советот на ЕУ и ќе овозможат пренасочување на дел од кохезивните фондови на ЕУ и од средствата од Европската помош за најранливите кон лицата кои бегаат од војната во Украина.

ЕУ порача дека оваа “брза измена на законодавството“ е доказ за “постојната солидарност на ЕУ со бегалците од Украина“ како и со земјите кои ги примаат овие бегалци, пред сѐ земјите соседи на Украина.

Средствата треба да се искористат за здравство, сместување и образование.