ЕУ со 18 милиони евра ќе ја развива Преспа


Преспа како уникатен екосистем со подеднакво уникатна геополитичка позиција која обединува три држави на југот на Балканот добива европски фонд тежок 18 милини евра. Програмата ЕУ за Преспа е наменета за развој на инфраструктурата, заштита на човековата околина и богатиот биодиверзитет, земјоделието, туризмот и соработката на населението од трите држави кои ги делат водите на Преспанското Езеро, пишува „Цивил медиа“.