ЕУ се подготвува да забрани уште еден пестицид од 2020 година

Белгија – Европската Комисија подготвува предлог за забрана на супстанцата хлорпирифос која се користи во одредени пестициди, потврди портпаролката Анка Падурару.

-Комисијата ќе преземе мерки да не се обнови авторизацијата за хлорпирофос етил и метил, нивната авторизација завршува во јануари 2020 година и работиме на проект за овие две супстанци да се забранат, изјави Падурару.

Европската агенција за безбедност на храна, ЕФСА, на почетокот на август потврди дека оваа супстанца има штетно влијание врз човечкото здравје и дека неговата употреба не треба да биде повторно дозволена од јануари 2020 година. Оваа најава предизвика загриженост во голем број земји членки.

Хлорпирифосот може да има штетни невролошки последици кај малите деца, покажале истражувањата.