ЕУ предупредува на намалена слобода на медиумите во момент на пандемијата


Фото: Б. Грданоски

Белгија– Европската унија предупреди за пад на слободата на медиумите ширум светот, во момент на пандемија на новиот коронавирус.

„Загрижувачки е што пандемијата Ковид-19  во некои земји се користи како изговор за наметнување неоправдани ограничувања на слободата на медиумите, рече Жосеп Борел, висок претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, во изјава во име на блокот од 27 нации.

Во таа изјава, временски да се совпадне со Светскиот ден на слободата на печатот в недела, Борел ја истакна зголемената потреба за доверливо новинарство во време на криза за да се избегнат дезинформации и лажни вести.

– Новинарите мора да бидат во можност да работат слободно, се вели во соопштението. Во него се  додава дека во неизвесни времиња е неопходен пристап до веродостојни и проверени факти.