ЕУ подготвува реформи на законите поврзани со фармацевтската индустрија


Европската унија ќе ги промени законите што ја регулираат фармацевтската индустрија за да ги оживее инвестициите и да го зголеми пристапот до лекови, откако здравствените буџети на земјите беа притиснати од трошоците за лекување за време на пандемијата со Ковид-19.

Недостигот на некои лекови, како што се антибиотици и лекови против болки оваа зима, како и пандемијата со Ковид-19, ги изложија проблемите предизвикани од падот на производството во Европа, комплицираните синџири на снабдување и неподготвеноста за глобалните итни случаи на јавното здравје.

На 26 април Европската комисија има намера да објави нацрт на, како што се вели, најголемата ревизија на постоечките закони поврзани со медицината во последните 20 години.

„Комисијата ќе даде избалансиран предлог кој ќе се фокусира на пациентите, со целосна поддршка за иновациите и конкуренцијата во фармацевтската индустрија“, се вели во соопштението на Европската комисија.