ЕУ најавува регулирање и оданочување на крипто-валутите


На неформалниот состанок на Советот за економски и финансиски прашања во Берлин со министрите за финансии на ЕУ во петокот и саботата се разговарало за ефективното и правично оданочување и предизвиците што ги носи дигитализацијата на 21-от век.

Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија бараат построги правила за крипто-валутите од Европската комисија, како што е проектот „Либра“ на Фејсбук, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц на маргините на неформалниот состанок. Тој истакна дека тие го задржуваат правото да забранат вакви валути.

Постои едноставен принцип: само централната банка, Европската централна банка, може да има лиценца за издавање валути“, беше цитиран Шолц од германската новинска агенција ДПА.

Тој истакна дека проектот Либра не смее да го загрози овој принцип. Според него, пет земји се многу загрижени и ги чекаат предлозите на Европската комисија во врска со јасни правила, со што посебен акцент ќе се стави на превенција од тероризам и перење пари.

Критиките за Либра и слични проекти од самиот почеток доаѓаа од владите, централните банки, регулаторите и супервизорите на финансискиот систем, како и од технолошките експерти од целиот свет. Меѓу најгласните влади се Франција, Германија и Италија, кои минатата есен најавија мерки за блокирање на Либра, пренесува Банкар.ме.

Стравувањата на некои земји од перење пари се неосновани. Неколку студии откриваат дека најголемиот проблем во оваа област се традиционалните фиат валути екретни пари – кои ја добиваат својата вредност преку владина одлука или закон. Терминот потекнува од латинскиот збор fiat – ‘нека биде’, заб.). Неодамнешното истражување на меѓународниот меѓубанкарски систем SWIFT исто така откри дека улогата на криптовалутите во перењето пари е често претерана, а хартиените или т.н. фиат валути почесто се користат за перење пари.

Аналитичарите пишуваат дека перењето пари е сè уште еден од најсериозните проблеми на глобалниот финансиски систем. Само во Соединетите држави, според Обединетите нации, со фиат-валутите се перат меѓу 800 милијарди и 2 билиони долари годишно. Крипто-валутите заземаат исклучително мал удел на овој „пазар“.

Откриените случаи на перење пари со помош на криптовалути остануваат релативно малку во споредба со обемот на перење пари со традиционални методи“, се истакнува во студијата.

Според SWIFT, со криптовалутите ретко се перат дури и пари стекнати со сајбер напади и изнуда. Почесто се користат традиционалните методи, како што се компаниите за готовина или трговијата со дрога.

Овој месец Брисел се очекува да претстави предлози за регулирање на крипто-валутите.