ЕУ: Лукашенко не е легитимен претседател

Повеќе од 12.000 лица беа упасени на протестите откако Лукашенко беше прогласен за победник на изборите на 9 август

Претседателот Александар Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, соопшти Европската унија во четвртокот, велејќи дека неговото ненадејно положување заклетва е директно спротивно на волјата на народот.

„Таканаречената ‘инаугурација’… и новиот мандат кој си го даде Александар Лукашенко немаат никаков демократски легитимитет“, се вели во соопштението на 27-те држави на ЕУ.

„Оваа ‘инаугурација’ е директно во спротивност со волјата на голем дел од белоруското население, како што е изразено во бројни, невидени и мирни протести од изборите, и служи само за дополнително продлабочување на политичката криза во Белорусија“.