ЕУ ќе го снабди регионот со „супер тестови“ за корона вирусот


Црна Гора е една од првите земји во Европа што доби нов, поефикасен контролен  материјал за тестовите ротив Ковид 19 дониран од научна лабораторија во Европската унија. Само една цевка од овој  контролен материјал е доволна за 20.000 тестови.Од ЕУ најавија дека вакви пакети со материјали ќе пристигнат и во другите земји во регионот.

Ваквиот „супер тест“ (бидејќи ја корегира точноста на тестовите) е создаден само пред десетина дена и со него се зголемува ефикасноста на вакцините за корона вирусот. Тој е веќе дистрибуиран во сите земји членки на ЕУ, а со Црна Гора почна дистрибуцијата и надвор од нив.

Со новиот контролен тест лабораториите ќе можат да избегнат лажни негативни тестови, што се случуваше со некои пациенти досега и во Македонија, кои по неколку тестирања покажуваа позитивни резултати на корона вирусот.

-Новиот контролен тест ќе го подобри капацитетот на ЕУ да одговори на појавата на вирусот и да избегне трошење вредни ресурси со неефикасни тестови, порачаа од научниот тим. Со него ќе се овозможи верификација на 60 милиони лабораториски тестови низ Европа, што се смета за клучно кога ќе престанат мерките за изолација, бидејќи точно ќе се знае кој е заразен а кој не.  Со овој контролен материјал и производителите ќе можат да ги проверат своите тестови, колку се ефикасни ли не. Во суштина се разбори за синтетички произведен корона вирус и ако тестот не го открие него, нема да го открие ниту вистинскиот вирус.Со него ќе се овозможи усогласување на тестовите за коронавирус во Европа, обезбедувајќи го нивниот висок квалитет за да се избегнат лажни негативи.

Контролниот тест е произведен од германска компанија за биотехника. Примероците се високо концентрирани и во пракса, потребна е само многу мала количина на материјал за да се провери еден тест. Ова значи дека една цевка од примерокот е доволна една лабораторија да провери до 20.000 тестови.Така, 3.000 примероци кои сега се подготвени, овозможуваат проверка на 60 милиони тестови низ ЕУ.