ЕУ ќе даде 500 милиони евра за Западен Балкан за справување со енергетската криза


Т

 

По средбата на еврокомесарот Оливер Вархеи со министрите од Западен Балкан околу ублажувањето на ефектите од енергетската криза, ЕУ се обврза на распределба на 500 милиони евра, кои ќе бидат наменети за  регионална поддршка, рече министерката задолжена за европски прашања во Црна Гора, Јована Маровиќ. Министерот за капитални инвестиции Ервин Ибрахимовиќ рече дека е важно Црна Гора да се приклучи на овој европски проект.

„Јас и моите колеги од Западен Балкан имавме средба со Вархеи преку видео врска, на која укажавме дека е итно потребно да им се помогне на земјите од Западен Балкан. Мислам дека ова е добар проект од Брисел и треба да се поздрави“, изјави Ибрахимовиќ.

Премиерот на Дритан Абазовиќ истакна дека овие пари не се малку за околностите во Црна Гора.

„Благодарни сме на ЕУ за поддршката и на овој начин сите победуваат во она што треба да биде зајакнување на меѓусебната доверба и партнерство“, рече премиерот.