ЕУ ја одобри правната основа за користење на приходите од руските замрзнати средства


Советот на ЕУ денеска одобри одлука и резолуција со која се обезбедува правна основа за користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка на Украина во иднина, се вели во соопштението на Советот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ, се прецизира дека со донесената одлука и регулатива се појаснуваат обврските на Централните регистри на хартии од вредност кои ги чуваат средствата и резервите на Централната банка на Русија (ЦБР), кои се „имобилизирани како резултат на рестриктивните мерки на ЕУ“.

Советот посебно одлучил дека Централните регистри што поседуваат повеќе од милион средства на ЦБР морааат одвоено да обработуваат вонредни готовински биланси што се акумулираат по рестриктивните мерки на ЕУ.