ЕУ има недостиг од работна сила


Во Европската Унија постои значителен недостиг на работници, поради што во некои земји дипломираните студенти немаат проблеми со вработувањето.

Според Евростат, Малта е европски шампион според вработувањето на своите дипломирани студенти, а стапката на вработеност на дипломираните студенти во таа земја изнесува 94,5 отсто, што е подобро од Германија, која е на второто место со 90,9 отсто, објави Б92.

Зад Германија следува Холандија со околу 90 проценти, а во Чешката Република 89,9 отсто од академците се вработени. Во Австрија, 89,4 млади луѓе со диплома веднаш добиле работа по завршувањето на студиите. Според неодамнешното истражување во Брисел, просекот на ЕУ е во пораст и изнесува 76 проценти во 2014 година, а 80,2 проценти минатата година.

Анализа базирана на компаративно истражување за вработување млади со диплома направена во последните три години покажува дека една третина од високообразованите, на возраст меѓу 20 и 34 години, немаат работа во Хрватска.

На дното на листата од 28-те земји членки на ЕУ, според вработувањето академски образовани лица, се наоѓаат Италија и Грција. Таквиот тренд економистите го гледаат во неповолниот, слаб и застарен систем на образование.