ЕУ има мобилна апликација за следење на епидемилошката ситуација

Европската комисија покрена мобилна апликација „Повторно отворање на ЕУ“ (Re-open EU) на која може да се најдат информации за здравствената состојба, патувања и мекри кои се на сила во сит држави членки на ЕУ, како и на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Корисниците, во прв ред патници од Европа, може на едно место да добијат најнови информации за националните мерки на карантин, барања за тестирање и апликации за следење и предупредување на мобилни коронавирусни контакти.

Информациите се достапни на 24 официјални јазици во ЕУ, користат верификувани податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и државите членки. Во Брисел напоменуваат дека апликацијата е бесплатна и достапна за сите Андроид и ИОС телефони.

„Повторно отворање на ЕУ“ е една од мерките кои Комисијата ги најави во својот пакет за туризам и транспорт од мај 2020 година за да им помогне на граѓаните да патуваат безбедно, со потполно почитување на здравствените насоки.

Досега тие информации беа достапни на интернет страница која од половината на јуни имаше 8 милиони посети.