ЕУ и Кина разгледуваат рамноправно партнерство


Белгија –  Еднакво партнерство е една од темите во фокусот на видео-конференцијата ЕУ-Кина што ќе се одржи денеска. Меѓу главните теми ќе бидат се и преговорите за инвестициски договор меѓу Европската унија и Кина, што ќе го олесни пристапот на европските компании до кинескиот пазар.

Виртуелната средба ќе се одржи во момент на комплицирани односи меѓу двете држави од почетокот на пандемијата. Покрај ненавременото предупредување за ширење на коронавирусот и опасностите поврзани со него, голем број европски лидери и претставници на европските институции ја обвинија Кина за војна со дезинформации поврзана со одговорт на ЕУ на Ковид-19.

Европа исто така се почесто го поставува прашањето за еднаков пристап на европските компании до кинескиот пазар.

Пред околу еден месец, претседателот на групата ЕНП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, повика на забрана на Кина да купува компании во ЕУ што се наоѓаат во тешкотии заради пандемијата.

Минатата недела Европската комисија усвои Бела книга, која ќе опфати случаи на нарушување предизвикано од странски инвестиции на заедничкиот пазар, и верува дека во основа стојат кинески инвестиции.